Општина Карпош се уште со блокирана сметка

Општината Карпош се уште има блокирана сметка – признава градоначалникот Стефан Богоев. Вели во целост искористиле 4,5 милиони евра, пари кои општината ги доби од Владата за враќање стари долгови. Тврди дека сега општината одговорно троши. Сепак, колку точно Карпош како општина е задолжена ќе се знаело дури кон крајот на годинава. Богоев уверува дека општината ќе ги следи препораките на Владата и ќе ги постави сите трансакции на новата платформа „Отворени финансии“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста