Опозицијата обелоденува скандал: МВР издавало пасоши на нарко босови од балканот со украден идентитет од македонски граѓани

Опозицијата открива нов скандал”Мафија”.Високи партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Македонија од декември 2017 до јануари 2021година им издавала пасоши на припадници на криминални структури. Според истите извори меѓу оние кои добиле пасош се Јован Вукотиќ од таканаречениот Шкаљарски клан од Котор и Седат Пекир турки нарко бос.

 Според ВМРО-ДПМНЕ името на Вукотиќ во пасошот е Ѓорѓи Андонов, а за сето ова постојат и докази односно документи. Исто така според информациите од партијата Вукотиќ кога бил уапсен во Турција признал дека има македонски пасош и дека фотографијата во него е негова. Со македонскиот пасош помнинал 6 држави и отворил банкарски сметки, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Седат Пекир пак, бил уапсен па протеран од Македонија. Потоа се појавил во полициска станица во Драчево да извади документи, брифира опозицијата.

Тој според информациите на најголемата опозициска партија добил македонска лична карта на 27 јануари на име Џадин Амедовски, а само 9 дена претходно е протеран од Македонија. Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, добивал закани  да не ги објави овие информации, но сепак одлучил да ги сподели со новинарите во интерес на јавноста, велат во партијата. Според него директни виновници за овој криминал се министерот Спасовски и премиерот Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека се се одвивало според однапред подготвен план Мафијашкиот бос влегува во полициска станица, се слика за пасош, МВР издава пасош на тоа лице со реална фотографија, но со позајмен идентитет од друго лице кое претходно е одбрано од безбедносните структури. Имаме сериозни индиции дека такви пасоши има најмалку 200, велат од најголемата опозициска партија.

Оттаму велат дека информациите за аферата ги добиле од свиркач. Документите ќе ги достават до обвинителството.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста