Опозицијата алармира за предизборен поткуп во Охрид

Четириесет и пет илјади евра ќе легнат на контото на фудбалскиот клуб “Воска Спорт”, сопственост на контроверзниот Нефи Усеини. На два месеци пред избори, градоначалникот Георгиески, со последниот ребаланс на буџетот му додели 2.750.000 денари на претседателот на охридскиот огранок на ДУИ и до неодамна советник во градскиот совет, Усеини, финансирајќи го неговиот клуб.

Двојните аршини се гледаат кога пред 2 години побаравме средства за поддршка на охридскиот кошаркарски клуб, тогаш власта ги одби правдајќи се дека не финансира приватни клубови, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Зарем сега не се работи за приватен спортски клуб? Дали ова претставува дел од предизборниот поткуп на Георгиески? Георгиески е уценет и со пари од граѓаните сега ги плаќа фактурите од минатите избори, за кои е должник кон неговиот коалиционен партнер. Ако е чесен и искрен во своите намери за Охрид, тогаш зошто не обезбеди средства за да ги руши дивоградбите во сопственост на контроверзниот Усеини, туку го наградува?“, велат од ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.

Фудбалскот клуб на Усеини ќе добие пари исто како и сите спортски клубови и здруженија на граѓани кои аплицирале на јавниот повик кој беше објавен во месец ноември 2020 година – се вели со сопштението од кабиентот на Георгиески,кој распали по дел од политичките партии и медиумите кои врз основа на безидејност, национализам и меѓуетничка нетолеранција, продолжувале да шират лаги.

„Сакаме да ги запрашаме сите засегнати страни кои деновиве бурно реагираат за доделувањето на средства на овој клуб – Според кој критериум сметаат дека ФК „Воска“ треба да биде изземен од финансирање? Дали луѓето кои живеат на тој дел од градот се помалку вредни? Жално, срамно и недозволиво е спортот и спортските клубови да се користат како тема за манипулација со јавноста и во дневно-политички цели“, информираат од Општина Охрид.

Но,експерите за Алфа брифираат дека доделувањето на сретствата не само што воопшто што не е наивно, туку е и незаконски. Со законот за спорт сите спортски друштва треба да бидат регистрирани како здруженија на граѓани или како акционерски друштва. Општините доделуваат сретства претежно за масовен спорт, тоа е студентски и ученички спорт, а во случајов се работи за приватен клуб.Општината може да помогне, но не смее дирекно да финасира,ребаланс на буџет не се прави за кеширање во приватни клубови, олеснувајќи го буџетот за иладници евра.Експертите укажуваат дека Советот е Општина Охрид не требало да дозволи да помине ваквиот ребаланс,сега министерството за локална самоуправа може да ја оспори ваквата одлука,или да се поведе постапка пред Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста