Опозицијата остава простор за компромис за изборен датум, но не прифаќа ултиматум од Заев

Опозицијата не прифаќа ултиматуми за изборен датум. Останува на позициите за термини за избори од последната лидерска средба за крајот на авгуист и почетокот на септември. Мицкоски смета дека уредбата на владата врз основа на која СДСМ тврди дека избори треба да има 21 јуни ако вонредната состојба заврши на 30 мај не е легитимна. Дополнително, доколку владата навистина сака да ги спроведе антикризните мерки избори до 30 Јули не се можни. Сепак простор за компромис сепак постои.

“Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа”, изјави Мицкоски.

Техничкиот премиер Спасовски пак не знае дали шефот на државата ќе прогласи нова вонредна состојна. Но знае дека датумот за избори бил одреден со уредба со законска сила.

“Датумот на избори е детерминиран од уредбата со законска сила која има важност до завршувањењто на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори”, рече Спасовски.

Засега нема најави за нова лидерска средба. Заев и натаму инсистира на брзи избори на 21 Јуни. ВМРО-ДПМНЕ ги предложи 23, 30 Август и 13 Септември. Опозицискиот блок кај Албанците пак ја предложи средината на Јули. ДИК е со став дека не може да спроведе избори за 20 дена. Деркоски неколку пати спомена дека на Комисијата и се потребни 45-50 дена за сите дејствија. Власта пак инсистира на тоа дека остануваат уште 22 дена.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста