На 22.07.2020 околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„ВМРО“ настанал пожар, при што целосно било опожарено паркирано патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.И.(49) од Скопје. Од пожарот биле зафатени уште три паркирани возила: „бмв Х5“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(49) од Скопје, „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н.(31) од Скопје и „даеву тико“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.З.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.