ООН испратија експерти во Саудиска Арабија да ги истражат нападите

Експерти на ОН се упатија во Саудиска Арабија за спроведување меѓународна истрага за неодамнешните напади врз нафтени постројки во земјата, изјави вечерва генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

-Експерти на ООН веќе се испратени и ќе работат на случајот, рече Гутереш на прес-конференцијата организирана за одбележување на почетокот на годишната седница на Генералното собрание на ОН.

Според него, ОН сакаат да стават крај на тој вид ескалација на тензиите.

Дипломатски извори соопштија дека во тимот се експерти одговорни за контролирање на ембаргото за оружје воведено за Јемен во 2015 година.