Oнлајн учебната година доби слаба оценка од средношколците-во новата бараат конечно да се вратат во училиште

Нефункционално, неорганизирано и хаотично-и сето ова на штета на учениците.Вака во Сојузот на средношколци ја оценуваат учебната година,која е на самиот крај.Онлајн наставата велат, се покажала како тотално промашување за учениците,кои изминатава година многу изгубија. Апелите  на Сојузот да се воведе барем комбинирана настава,надлежните не ги прифатија.

Ниту еден средношколец не е задоволен како се одвиваше наставата, ниту се задоволни со квалитетот на онлајн наставата оваа учебна година.Исто така,за жал, знаеме колку успехот што ние го имаме оваа година не е реален, поради тоа што нема механизам каде може да се гледа на кој начин се оценуваат средношколците-рече БЛЕНДИ ХОДАИ- Претседател на Сојуз на средношколци.

Целиот хаос во образованието никако да се реши, вели Ходаи.Минатата година, 15 -тина дена пред почеток на учебната година надлежните почнаа да мислат и да прават стратегии .Но, се чини дека,ниту од таа грешка не извлекоа поука,оти и за септември, сеуште нема никаков план.

Треба да почнат со планови, со конкретни стратегии, како учениците веќе да се вратат во училница и да не се дискутира веќе за онлајн  настава.Можеби за комбиниран модел,ако ситуацијата нема да биде добра.Треба да работат повеќе, да не се најдеме во слична ситуација како лани-рече Бленди Ходаи- Претседател на Сојуз на средношколци.

Во однос на најавената реформа за дигитализација,во Сојузот на средношколци остануваат на ставот дека, намерата не е лоша.Но, ако се турка вака по секоја цена и без доволна подготвеност и најважно-без консултација и договор со сите страни, нема да има никаков ефект,оти нема да биде прифатена од учениците.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста