ОН: Поради пандемијата ќе биде зголемен бројот на деца кои принудно ќе работат

ОН предупредија дека поради пандемија на коронавирусот поголем број деца ќе бидат принудени да работат, поради порастот на сиромаштијата. Зголемувањето на бројот на деца принудени на работа ќе се забележи за првпат во две децении. Според заедничката студија на Уницеф и Меѓународната организација на трудот, бројот на деца кои работат во светот се намалил за 94 милиони од 2000 година.

„Ова достигнување сега е во опасност“ поради пандемијата, предупредуваат надлежните.

Според студијата и податоците од Светската банка, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија се очекува да се зголеми од 40 на 60 милиони оваа година поради епидемијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста