Омикрон тропа на врата – здравствените власти ги нема да кажат каква стратегија имаат

Новата најзаразна ковид мутација Омикрон ни тропа на врата, а здравствените власти во Македонија како да пропаднаа в земја. Уште откако беше објевено дека светот се соочува со нова корона закана, западните земји ги спушија рампите за да се заштитат- кај нас ниту министерот за здравство, ниту Комисијата за заразни боести не дадоа објаснување дали и какви мерки се планираат?

Докторите пак се’ погласни – велат иако се уште компликациите од новиот сој не се познати, Македонија како и светот би требало да воведе некакви рестрикции.

„Не може ништо да се каже со сигурност кога е оваа варијанта нова за нас во науката, десетина дена како што е објавена. Ние целата пандемија учиме во од додека се бориме на терен со овој вирус. Би препорачак сите кои влегуваат во земјава да имаат дополнително од вакцинацијата негативен ПЦР тест и карантинско изолирање на лицата, дали 4 или 7 дена, но тоа е сепак моја препорака, не е ова препорака од државата“, вели доктор Илчо Ефкоски, специјалист по семејна медицина.

Доктор Ефкоски е дециден дека повеќе од година и половина граѓаните се остевени сами да се снаоѓаат со вирусот, вели Комисијата за заразни болести мора итно да се реформира, а во неа да седнат експерти кои ќе знаат како да се борат со пандемијата.

„Како што гледаме до сега она што го изработија е премалку за заштита на населението. Ниедна информација не е обновена од старт на пандемијата, се штитиме од големи капки, за разлика од малите капки кои што се шират преку воздухот. Така да, кој и да дојде нов министер верувам дека ќе има тешка задача оваа зима за да спрели нешто и да промени за брзо време. Дали треба да се промени Комисијата тоа одамна го кажавме дека таа Комисија не ја дава својата полна сила, поради кои причини не знам, но во таа Комисија немате лица кои што ја разбираат темата, лица кои што знаат што е заштита од вируси и борба со пандемија“, додава Ефкоски.
Во меѓувреме, јавноста се прашува каде се изгуби првиот човек во здравството, Венко Филипче кој како да се повлече откако дозна дека токму тој ќе добие нов наследник од Алтернатива, по договорот за нова проширена Влада.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста