Омикрон се шири со светлосна брзина – болниците се полнат

Ковид вирусот го коси медицискиот персонал,менаџментот на охридската општа болница со известување до раководителите на сите одделениеја да не одобруваат годишни одмори.Ако се направи масовно тестирање во болницата,повеќе од половина од кадарот ќе биде позитивен-вели директорот на здравствената установа.

„Ќе крене температура  3, 4 дена нема да дојде на работа па повторно ќе се врати,не викам дека е едноставно,одговорноста е голема притисокот е голем, условите за работа изразито се тешки да кажам“, изјави д-р Горан Балев директор на Општа болница- Охрид.

Во Охрид не остана човек кој е негативен на вирусот, заразата силно ги погоди постарите лица кои боледуваат и од други болести, но ковидот се шири меѓу  младата популација,од 20 до 40 годишна возраст која се однесува крајно несовесно,загрозувајќи го здравјето на своите најблиски,велат докторите.

И понатму продолжуваат да се дружат во кафеани,да се гушкаат, не носат маски и многу од младите не ја почитуваат изолацијата.За да ја избегнат изолоцијата тие купуваат тестови, се тестираат со рапод тестови дома, изјави Јованка Коровешоска, епидемиолог.

Епедемилозите очекуваат бројот на заразени да расте.Во мементов покрај инфективното ковид пациенти се примаат и на уште неколку други одделенија.Сликата е иста и во Струга, таму пандемијата го достигна пикот ,особено помеѓу децата.

„Значи од 70-80 прегледи прва и втора смена преку 60 % се со симптоми на ковид.Со едни упорни кашлици, со едни високи температури кои не се смируваат со никаков антипиретик.Подолготрајни лабараториските анализи укажуваат на тоа.Некој од родителите прифаќа да прави тест, некој не сака, одбива“, изјави д-р Влатко Мицкоски- педијатар

Притосокот врз охридската и струшката општа болница е голем,лекарите сугерираат ковид пациенти да се примаат повторно во Центарот за кардиоваскуларни заболувања,а дел од одделенијата да се префрлат во болницата Свети Еразмо.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста