Омикрон ја наполни штипската болница

   „Омикрон„повторно ја наполни штипска Инфектологија. Дневно има и над 100амбулантски прегледи. Останати се уште десетина слободни кревети, а во изминатото деноноќие починати се четири лица од кои тројца од компликации од вирусот. Починатите се на возраст од 60 до 80години од Штип, Делчево,Пробиштип и Радовиш. За да се намали притисокот врз штипската, надлежните ќе бараат да се реактивира и кочанската болница.

  „Во комуникација сме со директорот на Општа болница Кочани, да дел од пациентите оние кои се од Кочани или околните градови се со цел да ослободиме повеќе места. Ќе видиме во кој правец ќе продолжи овој бран„-изјави Ален Ѓеорѓијев, дир.на КБ-Штип

Во моментот пациентите се хоспитализираат само на Инфективно. Повторното  активирање на модуларната болница ќе биде сериозен предизвик бидејќи над петнаесетина лекари,медицински сестри и технички персонал се заразени и нема кој да работи. Се прави  реорганизација и на другите одделенија.

 „Тоа ќе изискува многу кадар, а мора да кажам дека и ние сме погодени со овој бран. Како болница имаме дел од нашиот персонал кои се заразени и се на лекување. Тоа ни прави сериозни пречки не само да најдеме кадар кои ќе работи на Инфективно , туку и на функционирање на останатите одели во рамки на болницата „-изјави Ѓеорѓијев.

На Инфективно се хоспитализирани 52 пациенти од кои 70% се на кислородна поддршка.  

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста