Оливер Спасовски се промовира како претседателски кандидат ?!

Оливер Спасовски се промовира како претседателски кандидат ?!

Во време кога јавноста е преокупирана со исчезнувањето на малата Вања, министерот за внатрешни работи ги подгрева шпекулациите дека има амбиции да стане претседател на Македонија.

Тој на својот официјален профил на Фејсбук напиша дека за него било многу важно да се утврди кандидат кој што пред се ги споделува вредностите не само на партијата, туку вредностите на мнозинството граѓани коишто се членство во ЕУ.

„Личните амбиции, личните комбинаторики во овој момент се неважни. Проевропскиот фронт, проевропската коалиција секако дека е нешто што би претставувало една дополнителна вредност за државата и за напредокот на државата, заради тоа што е многу важно, кој концепт практично ќе ја предводи во наредниот период“ пишува Спасовски на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста