Округло па на ќоше – Ковачевски никако да каже јасно – што е Гоце Делчев – Македонец или Бугарин

Премиерот Димитар Ковачевски пак одбегнува да одговори што за него е Гоце Делчев. На инсистирање на Алфа за одговор дали е Македонец или Бугарин, Ковачевски со дипломатски одговор се обиде да ја забиколи суштината на прашањето па вели дека за сите отворени историски прашања надлежност имала Историската комисија.

„Гоце Делчев е основоположник за национална борба којшто се борел за независна македонска држава која што ние денес ја живееме, која што е членка на НАТО, која што е на чекор до отворање на преговорите со ЕУ штом ќе се решат прашањата со Република Бугарија кои што ги имаме отворено. Тие, мора да се решаваат во духот на европските вредности во духот на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и во духот на почит и на позитивна комуникација како помеѓу политичарите во двете држави, така и помеѓу граѓаните и институциите во двете држави, вели Ковачевски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никаков пазар со Бугарија. Ако власта имала чесна намера да ја вклучи опозицијата во процесот, најпрво требала да го сподели со неа прашалникот 5+1 и да разговара сериозно, категоричен е првиот човек на партијата Христијан Мицкоски. Соиред него преговарачките позиции се подриваат со тоа што се лицитира со идентитетот на македонскиот народ и со идентитетот на државата.

-Ако некој  има навистина чесна намера да ја вклучи опозицијата во насока да ги зајакне преговарачките позиции прво требаше да го сподели прашалникот 5 +1, 4+1 или 3-2 или веќе не знам како го нарекоа, да седнеме сериозно и да разговараме бидејќи се работи за идентитетот на македонскиот народ и за иднината на Македонија како држава. Очигледно дека имаат некој пазар позади завесата и затоа ќе се вратам на прашањето на колегата ваш, новинар, ВМРО-ДПМНЕ таков пазар, скриен, позади очите на јавноста, идната влада, што и да се договори, еве ова е порака и до Петков и до Радев и до сите останати кои што го фасилитираат тој процес нема намера да поддржи“ нагласи Мицкоски.

За власта која веќе ја одби понудената Декларација за заштита на ликот и делото на Делчев , тоа биле обиди за подривање на позициите во разговорите со Бугарија. Ковачевски веќе ја отфрли и фрлената ракавица од Мицкоски за обединување околку националните прашања, но наместо да конкретно да се одговори на барањата премиерот ја повика опозицијата единството и обединувањето да го градат во Парламентот.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста