Охриѓани масовно на гласање, очекуваат многу од овие избори

На нешто повеќе од три часа до затварањето на гласачките места, граѓаните на Охрид и Струга излегуваат на гласање,бидејќи како што велат-тоа е нивно демокртско право.Десетттите парламентарни избори граѓаните ги дочекаа со многу песимизам.

Анкета ( 1.Треба да се даде глас на кој било.Очекувате многу  од овие избори ?па сега се надеваме незнам  ; 2.Ништо од никој,како до сега така и од сега.Џабе само го мачат народот, го мамат .Зошто таков песимизам? Песимизам, затоа што невработена е ќерќа ми со години и што.Јас не вработена со години; 3. (Ништо да ти кажам, како до сега и од сега); 4.Дали имаше кај вас двојба дали да излезите на овие избори ?  Не,никаква двојба немаше )

Овие избори се одвиваат според посебен протокол за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот Ковид 19,препораки кои ги почитуваа членовите на изворачките одбори, но не и гласачите.Сите носеа заштитни маски,но безмалку никој не ја држеше пропишаната дистанца.

Инаки кога станува збор за излезноста, до 15 часот, во Охрид на гласање излегле 35,9% од евидентираните гласачи во единствениот избирачки список, а во соседна Струга 23,7 % .

Во споредба со другите години иако пандемијата е присутна,овде се гласа нормално и бројот е задоволителен.Тешко беше да се истуркаат овие избори со оглед на пандемијата?Навистина е малку загрижувачки но  тоа  е тоа, закон е закон и треба да се спроведе – вели Алиу Шкељчин од избирачко место 1854.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека засега изборниот процес во Охерид и Струга се одвива без инциденти и нерегуларности за разлика од Дебар.Таму едно лице е приведени бидејќи било затекнато како го фотографира гласачкото ливче.

Росица Голабоска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста