Охриѓани од идниот градоначалник очекуваат дела а не зборови

Без оглед кој од двајцата кандидати ќе седне на градоначалничката фотеља, охриѓани од идниот гратски татко очекуваат да го исполни ветеното и во текот на 4 годишниот мандат да ги реализира сите проектите зацртани во програмата со која мафтаат во текот на изборната кампања. Розовата слика за градот на Унеско да не остане само празно слово на хартија.

Вториот круг од вонредните локални избори во Охрид ќе го трчаат кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, д-р Митре Милошески и на СДСМ, д-р Константин Георгиески. Според податоците на ДИК само половина од запишаните гласачи го оствариле своето граѓанско право давајќи ги гласовите највеќе за кандидати на двете најголеми политички партии. За Милошески се изјасниле 10.614 односно 37.75% од гласачите, а Георгиески добил 13.037 гласа односно 46.37% од гласовите. Од денес двајцата кандидати на терен-Милошески докажува дека нивниот концепт е единствениот кој може да го извади Охрид од лошата состојба во која се наоѓа. Неговиот противкандидат Георгиески, вели дека имал реални планови за доброто на сограѓаните.

Росица Голабоска