Охриѓани бесни поради смената на првиот човек на ЦЈЗ Охрид Сашо Точко

Во сред пандемија, без никакво конкретно образложување разрешен првиот човек на Центарот за јавно здравје, Сашо Точко. Од министерството за здравство побаравме одговор зошто по 3 годишно директорување, Точко е тргнат од раководната позиција и дали можеби имало недоследности во неговото работење,а еве што ни одговорија:

”Во изминатиот период направени се низа промени на раководните места во јавно-здравствените установи. Овие промени се прават со цел да се подобри работата во јавното здравство.” – велат од МЗ.

Довчерашнот директор кој не е член на СДСМ а како што вели, не е ниту партиски определен од 2017-до 2019-та беше избран за вршител на должност од редовите на вработените , за пред точно една година со решение да биде назначен за директор на установата. Точко кој 26 години работи во Центарот како специјалист по санитарна хемија,не сака да ја коментира неговата смена, но со свој коментар се огласи на социјалните мрежи.

”И покрај осознавањето и соочувањето со неправди и манипулации креирани од личности невредни да се спомнат,вербата дека еден ден ќе завладеат вистинските вредности ја влевате сите Вие што го препзонавате и негувате тие вредности” – вели д-р Сашо Точко.

“Дали само луѓето кој нешто работат и создаваат во Охрид се предмет на удари, омаловажувања и дискредитирања и се ова по нарачка?  Невидена срамота која води само кон деградација на ова наше битисување  и општествена анархија.Почнуваат да владеат: лажната хуманост, потпросечната интелектуалност и квантитетот без квалитет во секое поле”– пишуваат охриѓани на социјалните мрежи повикајќи го министерот Филипче да ја преиспита ваквата одлука,јавно  прашувајќи го кој му ја крои кадровската политика.

Во услови на пандемија,кога интерното одделение во охридската општа болница е под силен притисок,од таму заминува интернистот Ѓоко Констаноски кој од денес ја извршува финкцијата в.д. директор на Центрот за јавно здравје.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста