Охриѓанецот Александар живее за денот да почуствува вистинско срце како чука во неговите гради

Живеам за денот да го почувствувам,повторно да слушам како силно чука вистинско срце во моите гради -со трепетлив глас почна да ни зборува охриѓанецот Александар Димоски, кој нешто повеќе од една година живее со вештачко срце,оти  тоа му било единствениот спас.Александар е еден од 20-те мина пациенти кои чекаат трансплантација на срце. Животот буквално ми зависи од два батерии и 5 метри кабел колку да можам во долгите, непроспиени ноќи да одам до тоалет да се вратам назад во кревет-вели Александар на кого единствена утеха и ѕвезда водилка,му е 5 годишно синче.

  • Навечер со кабли живеам,мораш да живееш да одиш понатака во животот да не се разочаруваш.Се нервирам, се секирам, се молам што побргу да се најде донатор, да имам срце да бидат како другите, детово да си го пораснам-рече Александар Димоски.

Крајно веме е да се пробуди свеста кај надлежните институции конечно да превземат одговорност и да им помогнат на овие пациенти на кои пумпите им откажуваат и се во критична состојба-вели мајката на Александар.Ние два пати до сега и погледнавме на смртта во очи, состојбата на синот нагло се влоши, а охридските лекари е моѓеа да ни помогнат, бидејќи не се обучени да третираат пациенти со вештачко срце.

  • Видовме не видовме, не ни дадоа ни брза помош ни ништо, да ни помогнат барем финасиски нешто и  брат му не можеше да издржи, итно отидоа.За саат време стигнаа до Скопје.Од Кичево кога падна во кома детево мое, до Скопје беше во кома.Докторите го пречекаа го зедоа горе, е сега каква интервенција му правеа не знам да кажам ама од смрт го спасија со триста потписи да се потпишеме дали ќе е жив.Тој момент никогаш нема да го заборавиме-рече Елена Димоска-мајка на Александар.

Во меѓувреме Александар добил силни болки и висока темепратура,но и покрај потребата од итна хурушка интервенција, никој од лекарите не се нафаќал тоа да гом стори-оти тој бил ризичен пациент со вештачко срце. Не успеале да ги набават ниит таблетите оти само едно пакување чинело 17.000 денари.

  • Бев 2 пати на државна болница за да се оперирам ама ме одбиваат.Два пати, а барам од фондот да ми се одобри бесплатно, пари се нема а во приватно многу бараат.Во приватно се нафаќаат да ме оперисаат.Бевме два пати со мајка ми и со брат ми ама ништо не успеавме фондот не е заинтересиран за нас-рече Александар Димоски.

Поради корона пандемијата програмата за трансплатација на срце е стопирана, а од Фондот за здравство иако постои одлука,сеуште не ги покриваат трошоците за лекови, матерјалите за преврски,редовите испитивања и котролите-пациетите со вештачко срце се плаќаат од свој џеб.До сега во Македонија не е направена нити една замена на вештачка пумпа со срце од донор-ако државата не вложи во едукација на нашите лекари,ќе ги изгубиме сите пациенти кои сега живеат со вештачко срце. Во време на пандемија починаа четворица пациенти од здружението “ Храбро срце “ – ја изгубија шансата за живот, додека чекаа трансплантација на срце. Застрашувачка е инфомацијата дека во изминативе месеци колку што трае кризата со коронавирусот, бројот на пациенти впишпани во националната листа за трасплантација се зголемува,најмладиот пациент е девојче на 13 годишна возраст.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста