Охридското езеро под критично ниво-експертите критикуваат за немарност и погрешни стратегии

Нивото на Охридското езеро се спушта до минимално дозволената кота.Наметнатите осцилации на езерото се опасни, проблемот со кој се соочуваме во еден голем временски континуитет од ден на ден предизвикува се поголеми последици -велат експертите.ЕСМ не смее Охридско езеро од природен резерват да го претвора во акумулационен базен. Големи површини од езерското дно остануваат суви,предизвикувајќи изумирање на многу ендемични растителни и животински видови.

– Лошо е затоа што останува помалку вода, доколку се испуштаат поголем број на нутриенти пред се на азот и на фосфор, доаѓа до еутрофикација односно забрзано стареење на езерото и до појава на анаеробни услови.За едно 10-тина години според некои сценарија тоа присуство на кислород во подлабоките слоеви каде што има голем број на ендемични организми,би се редуцирала на минимум.Дури се предвидува дека тие поодлабоки слоеви би останале без кислород, што е многу погубно за езерото, вели Ѓоко Зороски инженер по животна средина.

Спуштајќи се под природниот минимум од 693,17  метри надморска височина, нивото на Охридското Езеро продолжува да опаѓа и се доближува до минималната кота од 693,10. Според последните мерења, нивото денес изнесува 693.11 метри надморска височина што е на само на 1 сантиметар до минимално дозволената кота.

Никаде во светот природните езера не се користат за производство на електрична енергија -алармираат експертите и ценат дека е задоцнета реакцијата на Владата и надлежните инстутции кои донесоа одлука привремно да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите.

– Во вакви сушни години кога хидролошката ситуација навистина е неповолна и пресушуваат и други извори или се намалува нивото и на голем број други езера, треба да се најде друга солуција за производство на електрична енергија бидејќи Охридсктот езеро е кревок, сензитивен систем и никако не смее да се дозволи  барем од човечки фактор да се манипулира со минималната кота која изнесува 693.10 сантиметри, изјави Зоровски

Државата треба да го заштити езерото вели Зорски и за производство на струја,треба да користи обновливи извори на енергија.Намалување на само еден сантиметар од нивото, значи губење на 3,5 милиони кубни метри од Охридското Езеро, кое е најголемиот природен басен со питка вода во овој дел на Европа.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста