Охридските власти абер немаат да ја регистрираат фантомската населба Чекоштина

Фантомска  населба никнува на влезот од туристички Охрид, како да сме сеништа или привиденија,а не луѓе кои во 21 век се борат за достојно живеење во населба која никаде не е впишана-велат мештаните кои се закануваат дека ќе го блокираат главниот приод во градот,доколку локалната самоуправа не им ги регистрира живеалиштата. Незаинтересираноста на локалната самоуправа која 10 месеци ги игнорира барањата на жителите од месноста Чекоштина плански да го уреди овој исклучително атрактивен простор, ќе доведе до негова прекумерна, некотролирана но пред се, нелегална урбанизација.

100-тината семејства кои  повеќе од една деценија живеат во Чекоштина не можам да ги евидентираат своите куќи, бидејќи населбата урбанистички не постои. Општината им дозволила да градат куќи на неурбанизирано подрачје,а кога дошло ред уредно да им бидат регистрирани живеалиштата,локалните власти дигале раменици. Урбанизацијата предвидува инфраструктурно уредување,а бидејќи населбата никаде не е впишана, немаат елементарни услови за живот:немаат пат, улично осветлување,водовод,комунална хигиена и канализација.

– Секој ќе си најде начин да ги избегне обврските кон локалната самоуправа ,диво ќе гради.А еден од начините ако ништо повеќе,е да се спроведе урбанистичкиот план колку што сум запознат постојат ДУП на наша населба уште од 1975 година, вели Ристо Силјаноски- здружение на граѓани “Чекоштина Урбан”

-Општината најде една цака, еден мост во законот во кој што вели дека може да биде ослободен барателот на одобрение за градба од плаќање на надомест за уредување на градежно земјиште во висина на неуреденоста на земјиштето.И тие на сите и понудија, добро ќе ви дадеме одобрение по планот но нема да барате да ви го уредиме земјиштето и тие потпишаа сакаа нејќеа такви договори, изјави Ванчо Огненов од здружение на граѓани “Чекоштина Урбан”

-Не е во ред сите да имаме септички јами на тој начин хаотично да градиме на диво,вели Огненов.Тој додава дека и покрај тоа што населбата официјано не постои во општината,во месноста која се наоѓа на влезот во Охрид се изградени многу викенд куќи,кои сега се легализирани.

– Сами имаме донесено и струја и вода,но без разлика на сето тоа,сите граѓани треба да сфатат дека тоа е некоја подвала затоа што ние што сме легализирале, сме сториле една законска постапка која што не е ефтина за нас,иако по едно евро сме платиле за објектот.Освен тоа легализацијата и во централното подрачје каде надоместокот е огромен, пак одеше по едно евро а тие не мораа да платат ни вода ни струја, дополни Ванчо Огненов.

Од општината испратија допис во кој се вели дека сите граѓани  кои граделе објекти на овој потег во договорите за уредување на градежно земјиште, кои ги имаат склучено со општината имаат дадено согласност дека се обрзуваат на сопствен трошок да ги регулираат обврските од Законот за градежно земјиште со кој се ослободуваат од плаќање на комуналии.

Росица Голабовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста