Охридските рибари би се вклучиле во битката за концесионер на езерото

Државата не смее да им го дава в раце Охридско на луѓе кои единствено водат сметка само за приходот кој го остваруваат стопанисувајќи со езерото,не водејќи грижа за заштитата на рибната популација.Концесија не се дава на фирма која не ги исполнува условите.По одземањето на коцесијата на струшката фирма “Летница Белвица”чиј сопственик Милорад Чавкоски го клеветат за организиран криминал, рибарите со апел до Владата која по изборите ќе бара нов стопан за езерото.

„Треба да поводи сметка на кого го дава и на што го дава. Јас мислам дека најдобро е да се даде на рибарите,да се направат ревири во Охридското езеро.Рибарите сами своите делови да ги користат, колку треба на државата како што плаќал концесионерот, така ќе плаќаме и ние рибарите“ – вели Данило Пејоски, рибар од Радожда.

Рибарите предлагаат измени на законот за рибарство и аквакултура и изготвување на нова риболовна основа, бидејќи како што велат последната ја работел Институтот за сточарство без да ја согледа фактичката состојба.Недопустливо е додаваат, државата да го дава езерото на правни субјекти кои немаат никаква одговорност,како што тоа беше случај со фирмата “Летница Белвица “.

„Вака не можеме да работиме со сопствени сретства, а концесионерот да ги собира рибите, односно да профитира.А нема никакви обрски према никого,наши кајчиња,наши пенти, наши мрежи, дури и бензин наш. Не смее концесија да добива некое правно лице кое не исполнува ама баш никакви услови за да врши стопански риболов“ – вели Михајло Солакоски, рибар од Радожда.

Рибарите отворено кажаа дека ќе формираат здружение на рибари и ќе се јават на следниот оглас за избор на нов концесионер, обрзувајќи се дека ќе го штитат езерото од рибокрадци кои го опустошија, а инспекторите не реагираат.Од Државниот инспекторат за земјоделство се бранат дека имале недостаток на кадар, односно во последните 5 години се пензионирале 40 инспектори и од тогаш не е примен нити еден инспектор.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста