Охридскиот пливачки маратoн е откажан

Една од најпознатите спортски манифестации кај нас во овој дел од годината, па и воопшто, Охридскиот пливачки маратoн е откажан и нема да се одржува летово-соопшти Пливачката федерација на Македонија. Од таму јавуваат дека е откажана целата серија на ФИНА и дека тоа е последица на пандемијата на коронавирусот. Трката на 25 километри од Свети Наум до пристаниште, и во поново време, олимписката дистанца на 10 километри се откажуваат за прв пат во последните 28 години, а во меѓувреме  станаа спортски белег на Охрид и тој дел од Македонија. Затоа од Федерацијата велат дека до година тие повторно ќе бидат дел од светскиот календар и дека ќе ги организираат двете.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста