Охридската филмска академија постои виртуелно , ама не образува кадри со години
Најмладата филмска академија во земјава “Институтот за филм-Филмска акамедија Охрид” функционира,ама само виртуелно. Осум година по ред нема упис на студенти, а нити еден од трите генерации кои се запишаа од 2015-та кога беше и основан, не успеа да се здобие со диплома заради немање согласност за ангажирање наставен кадар и укинување на статусот на професорите од Прашката филмска школа. Професори и сега нема,вратите на предавалните се заклучени,интитутот го изгуби најважното управувачко тело- Наставно научен совет.Академијата е затворена односно не работи, но плата земаат 11 вработени: 4-ца технички персонал, 2-ца помлади асистенти истражувачи и 5-мина административен кадар. И покрај големиот интерес за студирање на оваа јавна научна установа од 2017-та не е објавен конкурс за упис на студенти. Институт функционира само формално правно, но не и образовно.
“Од јуни 2017 година претставници на Институтот одржуваа состаноци со надлежните во МОН, но освен усни паушални одговори, не доби никакви насоки за понатамошно функционирање. Во моментов Институтот нема основни услови за планирање на работењето.Случувањата кои го пратат Институтот годиниве наназад немаат логично објаснување, освен незаинтересираност на надлежните за решавање на состојбата која се создаде. Огромна штета за градот и државата во делот на образованието и културата, затоа што во многу кус рок, Филмската академија стануваше регионален филмски центар”, велат од Институтот за филм
Со одлука на тогашаната влада врвната опрема е одземена од институтот и доделена на ФДУ во Скопје. Сега министерството за образование врши контрола и комплетна анализа на Институтот од што ќе зависи дали има можност за понатамошно законско и правилно функционирање.