Охрид традиционално го прослави денот на рибарите

Охрид традиционално го прослави денот на рибарите

Ден по големиот христијански празник Богојавление Водици, Охрид традиционално го прославува денот на рибарите.Со охридска страогратска песна,пача,плашици,греана ракија и вино на Сараиште се прославуваше. Со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката. Овој ритуал, рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат, бидејќи скокаат од својата најрана возраст. За старите еснафски семејства, ова е вистинско доживување за кое со гордост раскажуваат многу анегдоти.

 Господ здравје да ни даде,убавини благодарам што ова сеуште се случува и се надевам ќе биде и понатаму,сигурен сум.За вас нема дожд,снег? Нема,сега убавина е ова работа е вистинска ,божја.Перо Суруи викал на времето потам Симеон, потам во вода, тоа минус 15, потел во вода”- вели Александар Ѓурчев

И старите охриѓани се присетуваат на годините кога многу скромно и скришум од тогашните власти, рибарите скокале означувајќи го почетокот на ловната сезона.

 Ќе не фатеше некое невреме,снегови, мразови, ветрови, бранови.Што најмногу ловевте? Пастрмка. Kолку килограми на ден ловевте? Блинкeрот кога беше некаде по 150 кило фаќавме”-вели Стефан Рупев,рибар

 Овде имаше многу мрежи, простури,се ставаа мрежите тука се сушеа,тука рибарите се собираа и на овај дел посебно го фрлаа крстот тој  што го фаќаше, мада тајно беше тогаш,немаше дозвола и се правеше сабајле рано во зори-вели Никола Котларов,охриѓанец

Поради истребувањето на ендемичните видови риба, за разлика од едни дамнешни времиња,пастрмка сега нема ни за лек, а не пак за чорба.

Имаше еден период се вршеше вештачки мрест и тогаш можеше да се направи проценка колку се фатило секоја година.Сега веќе 4 години не е направен вештачки мрест.Има риба крап, клен, мрена, не да нема риба, немојт да нема, мојт да имат снемано”-вели Љупчо Стојкоски,рибар.

Одмна е актуелна идејата за изградба на чунот со чардак од кој ќе се фрла крстот, на афтентичен начин како во древните времиња.

“Охрид живее за традиција и од традиција и тоа не одржувало низ вековите и токму присуството денеска на сите оние верници кои што се тука и го следеа капењето на фаќачот на крстот после лутургијата, за мене е очекувано  и покрај ваквите временски услови се откажа музичкиот дел заради техничката опрема ,но она за што се одоговоривме и го организиравме”-вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Охриѓани и гостите се испотепаа,земаа од плашиците за да понесат и дома да се замезам.Инаку најголемата риба уловена во водите на Охридското езеро на 12 јануари 1971 година, била тешка  22 кг.За старите еснафски семејства, ова е вистинско доживување.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста