Охрид станува ново жариште, граѓаните стравуваат дека нема каде и кој да ги лекува

Охрид станува ново жариште на коронавирусот,статистиките говорат дека бројот на позитивни само во изминативе две недели изнесува 350, а битката со болеста во овој краток период ја загубија 12 лица.Доколку заразата земе уште поголем замав, граѓаните стравуваат дека здравствените установи не ќе можат да се справат со болеста.Сугерираат наместо да се полнат болниците, за таа намена да се оспособат хотелските капацитети кои одмна се затворени и сега чмаат празни.Во спротивно велат охриѓани, луѓето ќе умираат од други болести,оти се плашат да одат на лекар.Ги прашавме колку здравствените установи во градот имаат капацитет и сега да ја контролираат заразата?

Казните за не носење маска се премали, сметаат охриѓани затоа и ретко кој ја почитува таа мерка, згора на тоа, на социјалните мрежи граѓаните во револт прикачуваат фотографии на кои се гледа како после 21 часот, млади се собираат на различни локации.Во една ваква ситуација која излегува од контрола,и која е слична во целата државамдали е крајно време да се воведе полициски час?

Корона вирусот се шири и кај здравствените работници во охридската општа болница заразени се 11-мина, со струшката Специјална болница за Нефролигија 4-ца доктори и двајца во Специјалната болница Свети Еразмо.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста