Охрид СОС:Зошто министерката Стефоска не презема ништо да ја спречи градбата на местото на ресторанот „Парк“?

Еден месец откако се обелодени, а на терен веќе се урива ресторанот “ Парк”  во туристичкиот локалитет Горица ,за на негово место да се гради хотел на 3 ката и потпокрив со вкупна висина од 13,5 метри и откако Македонската Асоцијацијата на архитекти  попусто побарада прекине постапката за градење на хотел,министерката за култура која е и Претседател на Националната комисија на Унеско, ќе иницирала пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга бидејќи немале волја да го заштитат светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО.За ова се огласија од граѓанската Охрид СОС.

-“Дали поднесовте претставки до надлежните инспекторати за итно да излезат на терен и да запрат незаконско уништување на ремек делото? Дали поднесовте кривична пријава против инвеститорите зашто работат со неважечко одобрение за градење? Дали поднесовте кривична пријава против градоначалникот на Општина Охрид зашто не го поништил одобрението за градење кога инвеститорите за цели 9 месеци го пробиле рокот за почеток на градежни работи?”-ја прашуваат Стефоска од граѓанската иницијатива Охрид СОС кои изминатов период се обидуваа да свртат вниманието на надлежните.

Евентулната негова пренамена или рушење или изградба на голем објект ќе се коси со планот за управување со Охридското езето и со тоа во вода би паднале сите наводни заложби на институциите дека работат во насока на исполнување на препораките на Унеско. – вели Владмир Трајановски од Охрид СОС.

Како јас да го поништам правосилното одобрение за градба. Планот за Управување не можеме да го спроведуваме ретроградно на завршени постапки и издадени одобренија. – изјави градоначалникот на Охрид Георгиески.

И додека од кабинетот на Георгиески велат дека се изненадени од изјавата на министерската чија инцијатива за одземање на ингеренциите ја оценуваат како контрапродуктивна и избрзана, за рушењето на ресторанот кој е скоро срамнат со земја,силно реагираат од Охрид СОС :

Талибанците победија,институции закоравени во корупција, неспособна државна, неписмена локална власт – уништија автентично архитектонско дело на ХХ век !

Направете само споредба, колку време требаше да се погреба уметничка творба наспроти „справувањето“ со нелегалните градби кое за скоро две години резултираше во една бекатонска плажа помалку и платформи без штици. –велат од Охрид СОС.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста