Охрид се полни пред Велигден-празнично се очекува околу 15 илјади гости

За разлика од минатата година кога ја немаше онаа вообичаена велигденска раздвиженоста и  кога поради коронавирусот, Центарот на православието тихуваше во полициски час кој траше 85 часа,а Охрид остана празен-годината сликата на риверата е поинаква. Помалите хотели,а посебно приватните сместувачки капацитети се полнат  претежно со домашни гости.Ипаолнестои на поголемите хотелско-угостителски објекти се движи околу 20, до 30 %.Но се’уште е неизвесно колку и дали ќе се реализираат  резервациите на странските гости од опкружувањето.

Најавите се големи, има доста договорени странски туристи,прашање е дали ќе дозволат да дојдат во Македонија .Од кои земји имате? Од Србија и од Полска.Доаѓаат организирано или индивидуално?Организирано но не како што доаѓаа претходно со поголем број на луѓе.Сега се од 15,20 навеќе до 40.Бројот на групите е многу намален-рече Ѓоко Наумоски-туристички работник.

Имавме најави од Бугарија и Албанија ама поради картантинот и ПЦР тестовите откажаа, моментално само наши гости има-рече Ангел Ангелески-хотелиер.

Со далеку пониски цени на тридневните празнични аранжмани во дел од хотелите ќе уживаа гости од Србија исполнувајќи и до 70 % од капацитетите.Пред да резервираат нашите традиционални гости највеќе се интересирале за времетраењето на полицискиот час и безбедносните протоколи кои тие се обврзани да ги следат.

Самите агенции си ги организираат гостите, така да кога тие ја преминуваат границата и доаѓаат кај нас и тие да се чувствуваат побезбедно, а и ние исто.Гостите можат да приложат или ПЦР тест или сертификат за вакцинација-рече Наташа Цветаноска-хотилер.

Рестораните за велигденските празници се однапред резеривирани,ова говори дека сепак градот со над 8.000 викенд станови,велоигденски ќе биде полн.Докторите апелираат максимално да се почитуваат протоколите,бидејќи ситацијата со коронавирусот во Охрид сеуште е загрижувачка,да не дозволиме да биткаат за здив повторно да ги наполни болниците и да не втурне во уште еден бран.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста