Oхрид се наполни со гости, но и со купишта ѓубре

Летно лудило го зафати Охрид,градот ечи од сите страни – Илинден го наполни туристичкиот центар.Слободни соби во хотелите нема, а дебело се офајдија и приватните станоиздавачи. На охридското шеталиште и по чаршијата посебно во вечерните часови, нема игла каде да се фрли, во неподносливо топлите ноќи,градот е буден 24 часа.

Охрид деновиве е далеку од туристички бисер,сликата е очајна,до утринските часови младите дивеат по кејот, пристаништето, преполни се и најзначајните културно историски знаменитости во стариот дел на град.Катедралната црква Света Софија, потоа Античкиот театар ,Канео, прекриени се со купишта смет кои зад себе ги остава младата популација. Од јавното комунално претпријатие велат дека секојдневно подигаат над  500 тони смет.

“На прв поглед гледаме многу лоша слика,како туристички центар, Охрид не ја заслужува. Во тие часови можам да кажам дека на плаштадот дивеат преку 1000 млади лица и зад себе оставаат огромни количину на смет.Па тие се претежно во алкохолизирана состојба”  – вели Стевчо Маслов – Раководител на јавна хигиена.

Магистралниот пат Охрид-Свети Наум е преоптоварен и нефункционален,до плажите каде се создава неконтролиран метеж,се патува и по неколку часови.
Во претпладневните часови во центарот на градот се дише, претежно семејни луѓе уживаат во ретките часови кога градот тихува,за разлика од вечерните часови кога на шеталиштето владее хаос.

Инаку,од државниот пазарен инспекторат велат дека вчеравечер биле изречени 5 прекршочни пријави на нерегистрирани субјекти кои вршеле услуги на плажите и една кривична пријава за непочитвање на протоколите на угостителските објекти.

Да точно е тоа дека кафаните се преполни, шеталишата се преполни, меѓутоа не може во секој момент да се констатира тоа.Добар дел од плажите не се организирани на начин што се знае кој стопанисува – вели Цветко Ристески – раководите на пазарна инспекција.

Во полицискиот билет се евидентирани 3 инциденти синоќа, во кои дошло до физичка пресметка.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста