Охрид се дави во фекалии – наместо решение, надлежните си префрлаат вина

Обилните дождови деновиве ја исфрлија на површина неажурноста на надлежните кои наместо да го решат проблемот со фекалиите вдолж северното крајбрежје, си ја префрлаат вината едни на други. Жителите чии куќи се наоѓаат на потегот од турстичаката населба Грашница па се до Даљан се дават во фекалии и неподнослива миризба од шахтите кои пред нос им се прелеваат,навлегувајќи им и во дворовите,а тревните површини каде што играат децаат пливаат во отпадни води и фекалии кои течат и во езерото.

Беше кажано дека проблемите со колекторот се решени, конкретно овде на тие два пајпаса,кај Даљан и Подмоље и понатака при помали врнежи доаѓа до излевање на колекторскиот систем, значи фекалиите дирекно се излеваат во езеро.Кај нас реагирале граѓани кои што со кајче или со глисери понекогаш влегуваат во трската кај Подмоље и буквално заглавуваат во фекалии – изјави Борче Стојаноски – Еколошко друштво „Грашница“ Охрид.

Охридсково езеро е голем економски потенцијал и треба да го сочуваме еколошки чисто.Јас не можам да замислам од кога функционира проектот за заштита на Охридско езеро,а да не е решен никој еколошки проблем во сливново подрачје на Охридсково езеро – изјави Лазо Наумоски – екологист.

Првиот човек на Ј.П.”Колекторски систем” признава дека за овој проблем имале реакции од граѓани, ама тропаат на погрешна врата вели.Не чувствувајќи вина, објаснува декафункцијата на колекторскиот систем била прибирање, одведување и третман на фекални води,кои и не биле така многу, но проблемот бил во атмосферските води кои се влевале во колекторот и го оптеретувале.

Точно е дека се излева вишокот на атмосферска вода која што нажалост се слева во нашиот колекторски систем. По сите стандарди односот на фекалија со вода треба да биде најмогу 4 према 1, во моментов согласно ова, односот е 14 према 1 па може да замислите колку се тоа фекалии што влегуваат во Охридското езеро – изјави Владимир Алексиески – директор на Ј.П Колекторски Систем

Нефункционалноста на колекторскиот систем кој е повеќе децениски проблем и се најде во извештајот на Унеско какоеден од најважните препораки на Комитетот за заштита на светско културно и природно наследство. На крајот на 2019-та државата започна санација ама само на помалку од 10 % од  колекторсиот ситем.Проектот предвидуваше санирање на најкритичниот дел од системот и 20-те пумпни станици.Допрва ќе се барале пари од државата за негова целосна санација Што се однесива на струшкото крајбрежје,на потегот до Радожда воопшто нема колекторски систем и на ова атрактивно крајбрежје фекалиите се влеваат дирекно езерото, таму колекторски систрем ќе се градел на крајот од оваа или почеток на идната година.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста