Балканскиот Ерусалим празен за велигден, Охрид не памети ваков празник

Нашиот Ерусалим-тихува,нема Велигденски блесок во Центарот на православието. Во седум милениумскиот град  кој што секогаш знаел ширум да ги отвори портите за  сите гости кои што сакаат веста за Христовото Воскресение да ја дочекаат тука,годинава нема живост,нема радост,нема кој да му се восхитува на спокојниот Охрид кој вообичаено за Велигден е преполн со туристи. Риверата е пуста, последните часови пред да стапи на сила полицискиот час кој ќе трае цели 85 часа, малкумина го користат за прошетка на риверата. Луѓето се разминуваат и немо се поздравуваат,секој со иста мисла-што побрзо да се надмине оваа ситуација и да се врати сјајот во градот кој буди продуховени чувства,оти вака празен не го личи.

Сепак,поголена раздвиженост има пред маркетите и месарниците, луѓето ги прават последните подготовки почитувајќи ги адетите поврзани со најголемиот христијански празник.

 Да, купуваат свеќи ама за дома, во црква годинава најверојатно нема да одат заради забраните.Како оди потрошувачката на бои за фарбање, луѓето купуваат? Да, да купуваат.Исто како другите години или помалку? Помалку, зашто помалку фарбаат заради то. – Вели продавачот на свеки

Пред најпрометните места во градот се поставени редари-тоа е една од препораките на општинскиот кризен штаб за заштита од коронавирусот.

Секој собир е високо ризичен,без оглед каков е собирот дали за скара, дали верски,секој собир е високо ризичен и тоа треба да се избегнува. – Изјави Сашо Точко-дир.на Центар за јавно здравје

Традиционално ,централната богослужба ќе се одржи во Св.Климентовиот храм Св.Пантелемон на Плаошник,во присуство на неколку свештеници но без масовни соборања во црквите.

Росица Голабоска