Охрид празнично преполн, нема слободни легла

Летно лудило го зафати Охрид,градот ечи од сите страни. Најавените концерти на најдобрите музичари и бендови во светската музичка индустрија,го преполнаа Охрид.Шпицот на сезоната, празнично носи многу забава и гости од целиот свет.

Дел од домашните гости кои допатуваа во Охрид, се враќаа дома поради тоа што не можат да најдат сместување. Пред рестораните,во маркетите се чекаат редици,а на охридското шеталиште и по чаршијата посебно во вечерните часови, нема игла каде да се фрли, во неподносливо топлите ноќи,градот е буден 24 часа.

-Јас сум од Полска,за прв пат сум во овој преубав град во кој тешко се доаѓа до сметување бидејќи е преполн со туристи. Ние ќе ги одбегнеме концертите,ќе одиме на планина, цели еден турист од Полска.

-Се’  ми се допаѓа во Охрид,има убави плажи, храна, забава. Ќе одам на некои од концертите што се одржуваат деновиве, вели еден од туристите.

-Јас сум од Јужна Африка патувам низ Балканот и многу пријатно се изненадив од убавите на оваа земја. Уживам во езерската вода,импресивен е градот, убава храна, гостопримливи луѓе. Ова е убав одмор за мене, изјави еден турист.

Најавените концерти и фестивали оваа недела дополнително привлекоа голем број туристи,музичките настани го кренаа градот на нозе. Музичкиот настан „Ohrid calling“,кој по трет пат  ова лето се организира во нашиот најголем туристички центар,го носи најдоброто од светот на електронската музика.

Но, само кутурните збиднувања и ноќниот живот не го чинат адутот на Охрид. Наум Матов, охриѓанец кој со години на  туристите им ги покажува убавините на градот,искуствено укажува што му недостасува на Охрид.

-Елитни гости има премногу, доѓаат и бараат скапо јадење, скапи пијалоци и скапа забава.Охрид тоа за сега не го пружа, нема нити еден хотел со 5 везди каде што господата сакаат да потрошат и до 2.000 евра на вечер. Во Охрид ако сакаш да дојдеш, има да трошиш пари, нас не ни требаат гости  донесени од било каде, изјави Наум Мато.

Инаку, еуфоричното расположение на нашите гости не помина без инциденти.Од Итна медицинска помош која работи со појачани екипи информираат дека синоќа имале десетина интервенции на млади лица со посекотини и скршеници.Ви билтенот на СВР Охрид  евидентирани се сообраќајќи, за среќа брз жрвти,потоа бројни трпачки и лица под дејство на опојни дроги.Во синоќешната контрола полицијата во возилата на 7 лица пронашла дрога.Автомобилите крцкале со марихуана и таблети.

Росица Голабоска