Охрид потклекнува пред короната, надлежните признаваат дека се немоќни

Коронавирусот ги става туристичките центри Охрид и Струга во вонредна состојба,бидејќи повеќе не станува збор за кластери туку за ширење на заразата која не може да се контрилира, ниту да се изолираат контактите-алармираат од Центарот за јавно здравје.Додаваат дека причината лежи во менталитетот и менталниот сколоп на луѓето кои игнорантски се однесуваат кон опасниот вирусот.

Поедичени случаи кои што тешко се таргетираат и тешко се следат затоа што кога ќе имате позитивен и ги имате нивните контакти, тогаш нив ќе ги изолирате,меѓутоа не знаете кој без симптоми го пренесува вирусот.Ние како кризен штаб во Охрид имавме една иницијатива и желба да во одреден период се ограничи движењето, влегувањето и излегување во градот токму од тие причини за да не се прошири заразата, но наидовме на таква реакција од страна на другите власта така да остана како што е- вели Сашо Точков-дир на Центар за јавно здравје Охрид

Со оглед на фактот без малку никој не носи маски,нити пак одржува дистанца,посебно кога станува збор за младите, кои одморот на риверата го поминуваат по забави,епидемиолозите со апел до радителите, да ги пуштаат децата сами на летување, само доколку се сигурни дека ќе ги почитуваат мерките за заштита.Сведочат дека загрижени родители во паника ги вжештили телефоните во Ценарот за јавно здравје, обезглавени оти не знаат што правеле и како се однесувале нивните деца.

  • Самите луѓе треба да размислат дека ова не се времиња нити моменти за да се држат свадби, нити родендени, веселби и не знам какви други собири напротив.И на крај кога ќе заболат тогаш трчаат брзо, јас со кого бев во контакт, како, зошто, тоа се случува секојдневно,сведоци сме на тоа-вели Сашо Точков-дир на Центар за јавно здравје Охрид.

Згора на тоа, од Центарот на јавно здравје велат дека помалку од 20 % од хотелите и приватните станоиздавачи побарале стручна и детална дизинфекција на објектите.Дизинфекцијата не се состои само во промена на постелината и пребришување на површините.Не повиквуваат вели Точко,само доколку се појави коронавирус на некој што престојувал кај нив.Дизинфекцијата подразбира процедура во која со посебни сретства се третираат дури и подовите, таваните и ѕидовите.

Од секој од нас зависи како и кога ќе се справиме со короната,секој поединец треба да ги почитува мерките за да не дојде до ширење на заразата која може одеднаш на букне во туристичките центри, посебно Охрид-додаваат епидемиолозите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста