Охрид полн- домашни и странски туристи ќе го чекаат Христовото воскресение

Велигденски блесок во Центарот на православието.Во седум милениумскиот град кој што секогаш знаелширум да ги отвори портите за сите оние кои што сакаат веста за Христовото Воскресение да ја дочекаат тука,годинава за разлика од лани, повторно има живост. На Охрид му се восхитуваа бројни туристи од соседството како и странци,кои знаат да ги впијат убавините на тивкиот, спокоен Охрид. Поголемите хотели бележат половична исполнетост,но помалите и приватните капацитети се полни.

АНКЕТА: 1.Неколку пати сме дошле во Охрид бидејќи ни е убаво,и секогаш поминуваме убави мигови тука,а и блиску е до Солун. Бевме и во црква и вечерва ќе одиме пак,како што е ред; 2. Охрид за нас бугарите секогаш бил гостопримлив, срцата ви се отворени и затоа секогаш му се навраќаме; 3. Едвам дочекаме да може да се патува,ние сме од Белград и прв пат сме овде и се гледаме вечер во црква; 4. Ние сме овде секоја година,Охрид ние нас единствено место каде што можеме да дојдме да се опуштиме и да ги пречекаме празнициве ; 5.Охрид е одлична дестинацвија, културно но и духовно богата, драго ми е што од Шпанија дојдовме токму за Велигден; 6.Ние сме од Новешка, се изгледа толку убаво,посебно стариот град и црквите

Туристичките работници со една мисла, што побрзо да се надмине оваа ситуација со пандемијата и да се врати сјајот во градот оти вака не го личи.Укинувањето на мерките и сертификатиите за патување ќе празнично ќе не закрепнат, велат.

Тоа е едно олеснување и може само да допринесе во зголемување на бројот на туристи.Веќе голем број на граѓани осеќаат и има интерес голем, дапатуват да одат веќе некаде вели Јаким Маленко-Т.А.”Виспој ”.

Нам ни е бутно каква ќе биде престојната туристичка сезона летово, очекувањата не се баш најсјани,но секогаш се надеваме дека ќе има подобрување.Инаку за претстојниве празници сега, тие и ќе ни бидат показател какво е расположението и каква е моќта на народот во регионов вели Михаил Мишев-еснаф на угостители.

Кафетериите денеска беа полни,а вриеше и по чаршијата и градскиот кеј. Инаку божјите храмови ги отворија ширум портите за верниците кои од раните утрински часови доаѓаат да запалат свеќа за подобро утре.Гостите вечерва во бројните храмови ќе исчекуваат свештените лица да ја соопштат радосната вест за Воскресението Христово.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста