ОХРИД И СТРУГА СО РЕКОРДЕН БРОЈ НА КОВИД ЗАРАЗЕНИ

Туристичките центри Охрид и Струга во последниве две недели бележат рекорден број на заболени од коронавирус што на  дневно ниво го надминаува билансот на заразени  од почетокот на пандемијата.Позитивни на Ковид -19 се печалбарите кои сега не можат да се вратат на работа во странство без негативен тест, а истата мака ја делат и над 50-тина студенти кои се запишале на странските универзитети но ќе мора да го прошутат почеток на студиите се’ додека не се излечат.Македонската граница останува затворена и за голем број бизнимени кои изведен период ќе мора да заборават на бизнис зделките. 

Меѓу тие ученици и студенти откривме многу асимптоматски Ковид позитивни лица.Исто така и бизнисмените веќе почнуват да патуваат заради својата работа.Многу често патуваат во Србија во Словенија, Косово и за таму има потреба од корона тест и меѓу нив се открија позитивни, изјави Јованка Коровешоска-епидемиолог

Не е мала бројката ниту на македонски граѓани кои од  летната жега се ладеа во сеседна Албанија од каде цели семејства се вратиле заразени.

Во Албанија, анкетата покажува но и периодот на инкубација се поклопува со периодот на враќање од таму.И самите кажуваат дека во Албанија не се почитиваат протоколите за заштита, не се носеле заштитни маски, додаде Јованка Коровешоска

За воља на вистината, ова лето и нашиот најголем туристички центар Охрид беше преполн со домашни гости,кои лудуваа на ривиерата.Не почитувајќи ги попишаните мерки и протоколи,лесно се заразиле па така лежалките на плажа ги заменаа со болнички кревети.

Тоа што не се почитуваше, сега имавме еден зголемен пик на тешко болни со Ковид 19.Изминативе две недели имавме по 10 ,11 пациенти кои што беа на кислородна поддршка,што немавме скоро од почетокот на пандемијата до сега се дешаваше да користиме скоро 10-11 боци по 40 литри на 150 бари полни во рок од 3 до 4 дена.Ова лето во Охрид беше цела Македонија, изјави д-р Горан Балев-дир на општа болница Охрид

Меѓу заболените имало дво месечни бебе,трудници,постари лица-сите поминале низ одделнијата на охридската општа болница каде се заразија 4 медицински сестри, една докторка и болничар.Во моментов во болницата во Охрид се лекуваат 22 пациенти од ковид 19.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста