Охрид и натаму без марина за пловните објекти, Билјанини избори „пливаат“ во бензин

Никој не го оспорува фактот дека рекреативната наутика со години се судира со проблеми поради недостаток на марина,но недозволиво е секој да си предлага проекти според својата желби, без темелни стручно-научни анализи-велат природонаучниците,кометирајќи ја задолжбата за изградба на марина која со децении тапка во место. Се’ погласни се невладините и еколошките здруженија,велат туристите во Охрид доаѓаат за недопрената природа, а не за да гледатаа скапи пловила со кои се перчи македонската елита.За нив е неприфатлива идеата овој инфраструктурен објект да се гради во зона која се граничи со заштитено подрачје,кое е филтер на езерото. Додаваат дека секојдневно поготово на лето,во каналот Бијанини извори тече најмалку по 10-тина литри бензин од пловилата.

Катастрофа е каналот ,овој зимовник кој опстојувал со милиони години, ние усепавме да го уништиме.Под итно треба да се тргнат овие пловни објекти од овде.Еве ако не може, ако нема марина, барем зимскиот период кога влегува рибата на зимување овде-рече Радован Димитриески здружение” Рибарски приказни”.

Сите овие глисери,катамарани,се што гледате,знаете и сами дека на каналот нема пумпа за гориво и сите тие вршат преточување од канти и не може да не им капне-рече Димче мајковски здужение “Свети Апостол Петар”.

 Марината треба да се изгради на соодветната локација која ќе биде најпогодна за сопствениците на пловни објекти, но да не предизвика нарушување на животната средина-нагласуваат архитектите.

Транспортниот центар и автобуската станица да бидат Подмоље за двата града Охрид и Струга и тука да се направи едно пристаниште и сите туристи како доаѓаат  да се качат на брод и со брод да дојдат Охрид, со брод да појдат Струга-рече Ристо Андоновски-архитект.

До сега се спомнаа неколку локации за изградба на марина: вливот на реката Грашница,влезот на каналот Студенчишта но сите предложени решенија наидоа на  жестоки критики и силен отпор на природоначиниците од повеќе образовни и научни институции. И овој пат тие не сакаа да зборуваат на камера,но порачаат дека мора да се почитуваат еколошките стандарди.

Инаку во регистарот на охридската капетанија запишани се околу две илјади пловила,а во екот на сезоната,во струденчишкиот канал се закотвуваат бројни луксузни пловила.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста