Охрид блесна за велигденските празници – градот чувар на македонското православие преполн со гости

Разгласувајќи ја веста за Христовото воскресение,бијат ли бијат- силно одекнаа црковните ѕвона во градот чувар на македонското православие. Тој радосен глас на полноќ, беше најголема тишина која пробуди чувство на спокој кај секој православен христијанин.

Со мир во душата и љубов во срцето, да простуваме, да се сакаме и почитуваме – Христос воскресеака синоќа по полноќ се поздравуваа верниците.Претесни, Божјите храмови,ги отворија ширум портите за оние кои доаѓаа да запалат свеќа-сите со една мисла и иста желба.

АНКЕТА: 1. Прв пат за Велигден сте тука? Да,после 20 години.Како ви се допаѓа амбиентот? Многу убаво организирано,многу народ,убав празник, дојдовме сите да запалиме свеќа,да скршиме по едно јајце, многу убаво ; 2.За многу години пред се’.Преубаво чувство за разлика од лани која на тераса слушавме служба,сега вака во живо е голема разлика.За што запаливте свеќа? Нормално прво за здравје,после се’ друго ; 3.Здравје среќа ,на фамилијата, на децата, на сите,на македонскиот народ највеќе.Како го пролавувавате овде во Охрид Велигден? Како и секое домаќинство, со јагнешко,со луѓе,со народ, дружба.Значи и Охрид вие како дома?Дома.

Централната богослужба традиционално се одржа на Плаошник во Свети Климентовиот храм,Свети Пантелемон и одтој споменик на верата и убавината кинисаме по тесните калдрмисани сокаци,обиколувајќи ги божјите храмови. Градот живее во духот на Празникот над празниците.

АНКЕТА: 1.Многу е убаво,ќе дојдеме пак догодина.Ни недостасуваше овој велигденски амбиент; 2.Ние имаме навика, во Соборниот Храм во Белград го дочекуваме Христовото воскресение,нои овде е преубаво,бевме и на богослужба.После две години изолација како во затвор,на сите ни фалеше оваа духовност

Велигдене празник на радоста и среќата, но и вистинска можност целото семејство да се собере на заедничка трпеза.Охрид од памтивек негува обичаи поврзани за овој светол ден. Велигденската софра е најбогата, во чест на Бога се принесува се што е најубаво.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста