Ограбил аптека, одзел 6000 денари и мобилен телефон, па полицијата го уапсила

На 14.09.2020 околу 16.30 часот  полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.П.(38) од Скопје, затоа што кратко време пред тоа со закана со нож од вработена во аптека на бул.„Климент Охридски“ одзел 6000 денари и мобилен телефон.

Парите и телефонот биле пронајдени, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста