ОГАН: Аеродромци најмногу му веруваат на кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Муцунски
23,2 проценти од аеродромци својот глас и доверба за локланите избори би му ја дале на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски покажува најновата анкета од Организацијата за граѓански активизам и независност. Според истражувањето на второ место е предлогот на СДСМ, Филиповски за кого би гласале 17,1 процент, што е за 6,1 проценти помалку од довербата која ја ужива Муцунски.
Александар Филиповски | СДСМ и коалицијата | 17.1 % |
Тимчо Муцунски | ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата | 23.2 % |
Весна Кираџиева | Левица | 8.4 % |
Билјана Аврамовска- Ѓореска | Коалиција ЛДП-ДОМ | 4.2 % |
Миле Петковски | ТМРО | 1.8 % |
Не знае/ не сака да каже | 24.6 % | |
За ниту еден | 20,7 % |
Анкетата која е споведена низ повеќе места во Македонија, покажува и најнови бројки за кого би гласале граѓаните и во Охрид. Податоците од истражувањето покажуваат дека и во оваа општина предност има кандидатот на најголемата опозициска партија, Пецаков за кого би гласале 27,5 проценти од испитаниците, а актуелниот градоначалник Герогиевски кој е и кандидат на партијата на Заев за овие избори е на второто место, би го одбрале 23,3 отсто.
Константин Георгиевски | СДСМ и коалцијата | 23.3 % |
Кирил Пецаков | ВМРО-ДПМНЕ и коацијата | 27.5 % |
Гоце Цветковски | ТМОРО | 2.1 % |
Не знае/ не сака да каже | 25.3 % | |
За ниту еден | 21,8 % |
Организацијата за граѓански активизам и независност го истражуваше и пулосот на струмичани. Според резултатите од истата, Костадин Костадинов има предност во трката, а зад него е Жан Дрвошанов.
Костадин Костадинов | СДСМ и коалицијата | 25.8 % |
Жан Дрвошанов | ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата | 22.7 % |
Васе Витанов | Интегра | 1.7 % |
Не знае/ не сака да каже | 26.5 % | |
За ниту еден | 23.3 % | |
Покрај податоците од граѓаните за кого би го дале својот глас на 17 октомври , Организацијата за граѓански активизам и независност, собирле информации и за прашањата Дали верувате дека владата се грижи за граѓаните за кои неверојатни речиси 69 отсто се изјасниле со НЕ, 22 одговориле ДА, а речиси 9 отсто рекле дека Немаат одговор.
Прашање имало и за пописот односно дали граѓаните сметаат дека пописот е релевантен, за ова прашање анкетираните речиси со ист порцент на поделени гласови, 44.9 проценти одговориле ДА, 45,2 НЕ, а немаат одговор околу 10 отсто од испитаниците.
Анкетата е реализирана од Организацијата за граѓански активизам и независност во период од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје. Во теренското истражување на територија на општина Аеродром репрезентативен примерот од 723 испитаници, Струмица примерок од 629 испитаници, Охрид од 642 испитаници.
За двете прашање од анкетата, анкетирани се 1156 испитаници на целата територија на Македонија спроведена во истиот временски период од истражувањето.
Мери Ѓорѓиевска