Официјалната страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците сè уште е само на албански јазик
Официјалната страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците сè уште е само на албански јазик, вчера објави Ако.
Кога ќе кликнете на опцијата за македонски јазик пишува дека страницата е сè уште во изработка.

Нема опција за ниту еден друг јазик кој го зборуваат заедниците во Македонија.
Освен логото кое е на македонски и на албански јазик, сите други објави на официјалната интернет страница на новото Министерство со кое раководи Артан Груби се на албански јазик.

КАТЕГОРИИ Македонија