Одземањето надлежности тешко ќе го пречи градењето на диво во Струга и Охрид

Стружани кои му го доверија градот на мостовите на Рамиз Мерко, три пати седнувајќи го на градоначалничката фотеља, сега крајно револитани бараат да излезе и јавно да каже што и како се гради вдолж крајбрежејето кое како што велат, е послано со дивоградби а одговорност,за ваквото дивеењ-нема.  

АНКЕТА : 1. Треба да се исчисти затоа што има многу што е на црно направено.Претежно на кој потег има дивоградби?Се’ покрај езеро,сите се без дозвола,сите се така направени; 2. Јас така мислам и тоа под итно има друго место за градење, не е само баш на плажите ; 3.Нема дивоградви, некој што има некоја ламарина тоа не е ништо, ме разбра,тоа ти е. ;4.Има и не ги уриваат, туку уште се гради.На секаков народ не се даваат ингеренции.

И неформалните граѓански здруженија се огласија коментирајќи ги најавите за одземање на ингеренциите на Охрид и Струга,поради отсуство на волја кај локалните властида го заштитат светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО.

Ингеренциите треба да се одземат за да се спроведуваат законите а не обратно, за да може тоа на едно повисоко ниво уште покорумпирано,уште позаштитено да се злоупотребуваат законите.Мерко е симптом на едно сеопшто труло управување со Македонија.Тој човек не е способен да ја извршува функцијата градоначалник, тој човек не знае што значи светско природно и културно наследство-рече ДРАГАНА ВЕЛКОВСКА – Охрид СОС.

За каква правда ние зборуваме, за каква институционална фуквнионалност во Македонија зборуваме кога не е направен ниту еден инспекциски надзор,зошто не се испратени инспекциските служби на терен да ја скенираат состојбата во Струга ?-прашуваат граѓанските активисти.

Како да се наоѓа тој дел во друга држава и како да не важат законски прописи за тој дел, свесни сте дека градоначалникот Размиз Мерко во своите изјави се иззема од одговорност и негора дека има дивоградби,а сведоци сме и нас секоја недела ни праќаат жители форографии и било какви документи,докази, дека се гради, се узурпира крајбрежјето- рече ВЛАДИМИР ТРАЈАНОСКИ – граѓански активист

Одземањето на ингеренциите не значи ништо ако се продолжи со замижување додека се преграбува целото крајбрежје, некој за ова мора да седне на обвинителна клупа-додаваат граѓанските актривисти.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста