Одржана нова рудна преговори на Британија и ЕУ за брегзит

Британскиот преговарач Дејвид Фрост денеска во Брисел одржа втора рунда технички разговори со претставници на Европската унија за договорот за брегзит.

Европската унија соопшти дека се уште чека предлози на британската влада за решавање на политичкиот ќорсокак околу повлекувањето на Велика Британија од Унијата.

Портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто изјави денеска дека доколку преговорите треба да продолжат, клучно е ЕУ да добие конкретни предлози од Велика Британија за измени во договорот за повлекување, што мора да биде во согласност со тој договор.

Преговорите ќе продолжат следната недела.