Одредени двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ кои се играат следната седмица во Тетово

Фудбалот се враќа во нашата земја веќе од идната седмица и тоа со бараж средбите од за пополнување на Втора македонска фудбалска лига – Запад. Денеска во Скопје просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките, а мечевите ќе се играат на Градскиот стадион во Тетово во периодот 7-13 јули. По денешната ждрепка познати се и термините, па така екипата на Чаклани во вторник 7 јули ќе се соочи со Фортуна, а на три дена подоцна на 10.јули Чаклани ќе игра со Велешта (10 јули). Доколку имапотреба односно во случај никоја од трите екипи да го нема обезбеднео првото место за 13 јули е закажан дуелот Велешта – Фортуна кој инаку не би се одиграл доколку нема резултатско значење.