Одлуката за здружението на македонците во Бугарија неоспорен факт и за владата Спасовски: Пресудата на Стразбур треба да се почитува

Пресудата на Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на здружението на македонците во Бугарија е неоспорен факт и за македонската влада.Техничкиот премиер вели дека таа не треба да се коментира. Договорот за добрососедство пак според Спасовски треба да се спроведе во целост.

“Пресудата не треба да се коментира туку да се почитува. Договорот за дфобнрососедство треба да биде реализиран спроведен врз основа на она што сме го договориле меѓу двете влади. Затоа што Договорот за добрососедство нуди подобра атмосфера во односите мееѓу соседитe”, рече премиерот.

Запрашан дали владата ќе реагира до официјална Софија ако пресудата не се спроведува, премиерот со одговор

“Македонската влада не само за ова прашање туку и за било кое друго прашање за кое смета дека има потреба од одредена реакција тоа и го прави.”

За адвокатот Менкиноски кој го застапуваше клубот за етничка толеранција, пресудата е огромна победа за македонците во Бугарија и признание дека во оваа држава постои македонско малцинство.

“Македонците никој не може да ги избрише. Ова го кажа и судот во Стразбур.. И оттаму оваа пресуда е задолжитечна за Бугарија. Ова го дерогира Договорот со Бугарија. Ова е пресуда на судот во Стразбур. на Европскиот суд за човекови права.. Сите межународни договори мора да бидат во согласност како со домашното право така и со меѓународното право”, вели Менкиноски.

Процесот на македонците од Благоевград против Бугарија траеше седум години. Оваа држава одби да го регистрира бидејќи тој треба да ги афирмира македонските вредности и традиции како различни од бугарските. Судот утврди дека е повреден членот 11 од европската конвенција за човекови права односно правото на здружување. Пресудата доаѓа во време на засилени изјави од источниот сосед за оспорување на македонското национално малцинство и македонскиот јазик. Бугарија ова го наметна и како услов за македонската евроинтеграција.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста