Одлуката за парични награди за административците е влијание пред избори – велат антикорупционерите

Владата донесе уредба со која ќе се дадат пари плус на плата, на вработените во сите министерства и други државни институции кои извршувале специфични работни задачи, имале зголемен обем на работа. Одлуката за додатокот кој ќе варира од 15 до 30 проценти, е донесена еден ден пред да се распишат изборите.

Од антикорупциска велат дека ваквиот чекор може да се толкува како влијание пред избори.

Но не реагираше само Ивановска, и поранешни членови на државна комисија за спречување корупција, велат дека тоа што одлуката се носи ден пред распишувањето на локалните избори може да упатува на предизборен поткуп.

Реакции има и на социјалните мрежи.

“На седницата на владата од 5 август е донесена одлука за еднократна награда на вработените во министерствата.Овој додаток изнесува 30 проценти од основната плата или околу 9.000 денари.

Кој и да направи вака,било,е и ќе биде поткуп на гласачи.

Колку сте само тивки сега,бруки.Зголемување плата на стотици административци за 30% пред избори во време на режимот беше СКАНДАЛ ПОТКУП ДОЛГОВИ АА УУ, во време на хибриден режим и осакатен приватен сектор ради пандемија поминува глатко, штурци се слушаат“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат, велат Заев зголемува плати селективно на администратици во 30 институции со што врши предизборен поткуп.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста