Одлуката за отворање на границите на ЕУ со Западен Балкан треба да ја донесат земјите членки

И покрај зголемениот број на заразени со ковид-19 на Западниот Балкан, Европската комисија не ја менува препораката за отворање на границите со регионот, но потсетува дека конечната одлука ќе ја донесат земјите членки на ЕУ во наредните денови. Минатата недела Европската комисија препорача Европската Унија да ги отвори границите со Западниот Балкан од први јули, за разлика од другите земји вон ЕУ, за кои рестрикциите за патување во Унијата треба да се укинат прогресивно. Според портпаролот на Европската комисија, Адалберт Јан препораката да  се укинат рестрикциите кон Западниот Балкан не е поврзана само за епидемиолошката состојба, туку и за блиската интеграција на ЕУ и нашите односи со регионот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста