Одлука на СЕММ за жалбата на МВР за известувањето на Алфа во врска со инцидентите во с. Волино

Советот за етика во медиумите во Македонија донесе одлука во врска со жалбата што МВР ја поднесе во врска со објавениот текст на Алфа со наслов „Приведени за истакнување на сонцето од Кутлеш, тензии пред полициската станица во Охрид!“, во врска со инцидентите во село Волино, објавен на 8 септември. СЕММ ја уважило жалбата на министерството и тврди дека Алфа го прекршила членот 1 од Кодексот на новинарите на Македонија, но истовремено му порачува на МВР дека критичната ноќ не известувало навремено, ниту детално како што тврди во жалбата против Алфа. Целата одлука на СЕЕМ прочитајте ја ТУКА

Телевизија Алф ја отфрла во целост жалбата/претставката од МВР и сметаме дека станува збор за тенденциозен и непринципиелен напад, кој има за цел да го наруши угледот на телевизијата преку неосновани обвинувања и да изврши притисок да се прикриваат информации за кои Министерството смета дека се во нивен личен и политички интерес.
1. Во преставката, која не ни е ставена на увид Министерството обвинува дека Алфа телевизија известувала непрофесионално и не-етички во врска со настанот, без никаков издржан аргумент. Веста се потпира на сведочења на луѓе лично присутни на настанот, со точно наведени извори.

2. Алфа до СЕЕМ достави линк од изјавата на еден од учесниците на настанот кој јавно, пред камерата на нашата телевизија, сведочи за случувањата вечерта на 08.09.2019, кога настанот се случи, и кој беше цела ноќ задржан во полициската станица во Охрид, кој го зборува точно тоа што е наведено во самиот наслов од нашата вест. Како настан од јавен интерес, Алфа телевизија има обврска да известува и тоа го стори на професионален начин.

3. Вечерта на 08.09.2019, кога настанот се случи, репортерите на Алфа телевизија телефонски се обидуваа да стапат во контакт со официјалните лица за комуникација во службата за односи со јавност на Министерството, но не добивме никаков официјален одговор. Обидите траеја се до почетокот на вечерните вести во 22 часот. Сите информации со кои располагаше Алфа во моментот и ги презентиравме на јавноста, исклучиво базирајќи ги на наши извори во с. Волино, изјави од очевидци.

4. Во преставката од МВР, стои дека министерството тврди дека навремено известувале за настанот, што преставува груба невистина. И покрај сите обиди на репортерите на Алфа телевизија да стапат во контакт со надлежите во ова Министерство, првата официјална информација за настанот е дадена дури утредента, повеќе од цели 12 часа после објавувањето на веста. Првото официјално известување од МВР за акцијата во Волино е на 09.09.2019, во 9.37 минути. А истото за прв пат се нашло во медиумите веднаш откако се појавило на МИА. Значи дури следниот ден. Самото МВР во претставката тврди дека навремено информирало за настанот, со што се добива впечаток дека тоа го сторииле вечерта на 8. 9.2019 година, а според доказите официјалната информација е објавена за прв пат утредента и тоа во нивниот дневен билтен.

5. Во претставката на МВР стои констатација дека тие навремено и детално информирале за овој настан, но дека сепак „Алфа свесно се обидувала да пласира лажни информации со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост“. Станува збор за обвинување, кое доколку МВР не го аругментира преставува сериозен удар врз слободата на информирање:
-Прво, Алфа побара но никогаш не доби точно и аргументирано објаснување на основа на што МВР констатирало дека медиумот: поттикнува омраза, насилство и нетрпеливост, како што оттаму навеле во претставката. Бараме прецизно објаснување за секое од овие казниви дела, точно аргументирње од МВР на основа на што министерството извело вакви заклучоци. Во спротивно ќе бидеме приморани да ги известиме сите надлежни органи за ваквиот напад врз критичките медиуми и да бараме судска, но и меѓународна заштита од неприципиелните напади на полицијата врз слободата на новинарите.

Телевизија Алфа нема намера да креира сензационализам на лажни и измислени информации, но има законска и уставна обрска да информира за настани кои се од јавен интерес. Се од горенаведеното е поткрепено со соодветен доказ, за разлика од сериозните обвинувања на Министерството за внатрешни работи.
Се поставува прашањето: ако МВР тврди дека навреме информирало за настаните во с.Волино, а Алфа телевизија известувала непрофесиоално и сакала да потикне омрза и насилство (како што се тврди во преставката), зошто нивните информации се објавени дури следниот ден, наместо вечерта веднаш кога инцидентот се случуваше, односно кога и новинарите од Алфа се обидуваа да добијат одговори од МВР.

Ако се погледе на горенаведените докази и МВР не одговори на прашањата и делиме, со прецизни информации и контра-аргументи, тогаш нема друг одговор освен дека претставката во врска со ТВ Алфа, е сосема неоснована, тенденциозна и преставува притисок врз начинот на кој медиумот известува.