Одложено судењето за предметот „Меѓународен сојуз“

Главната расправа по предметот познат како „Меѓународен сојуз“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје е одложена поради тоа што еден од обвинетите е се уште во болница откако врз него бил извршен оперативен зафат.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите сеуште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста