Одложено рочиштето за Рашковски: нема обвинител

Обвинителство го гони Драги Рашковски ама судењето никако да стартува. Судницата остана празна на денешното рочиште за „Софтвери“, кое еднаш веќе беше одложоно – овој пат на барање на обвинителството.  Обвинителката во случајот, Ивана Трајчевска е со истечен мандат, а нејзиниот заменик заминал на службен пат во странство. Судот ги известил бранителите на  екс генералниот  секретар на Владата и на останатите шестмина обвинети, дека рочиштето ќе се одложи. Обвинетите, иако и покрај новиот момент требаше да се појават пред Судскиот совет, сепак, не дојдоа во скопскиот Кривичен суд.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска апелираше до Советот на Јавни обвинители што побрзо да го направи изборот за составот на тимот на шефицата на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.  Во трка за петте испразнети места, освен обвинителите чиј мандат е истечен, конкурираат и обвинители од Гостивар, Берово и Скопје.  Од Советот, кој денеска заседава, велат огласот бил распишан во ноември минатата година и изборот требало да се изврши до 31 јануари. Поради несоодветното оценување Советот побарал повторување, кое било доставено во четвртокот, а рокот за приговори завршува денеска.

– Ние мора да чекаме до утре, да не има евентуално преку пошта некои приговори. Досега имаме добиено два преговора и веднаш за понеделник закажав седница, иако по закон Советот треба да одлучува во рок од 30 дена. Планираме во среда веќе, ако има услови да одржиме и седница за избор на јавни обвинител, изјави Јолевски.

Поранешниот генерален секретар на владата,  Рашковски заедно со уште шест лица се гони за сомнителната набавка на софтвер за сообраќајни казни и прекршоци, а притоа си ќариле 300 илјади евра. Апелација му ја прифати гаранцијата на Рашковски од речиси 193 илјади евра, и сега тој слободно се движи со мерки на претпазливост – одземен му е пасошот и секој прв понеделник мора се јавува во суд. Претходното рочиште за „Софтвери“ се одложи бидејќи во судницата не дојде Маја Силјановска, една од обвинетите покрај Рашковски.  Следното рочиште е закажано за 14 март.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста