Одложено рочиштето за Невладината на Јовановски, тој не бил спроведен од затворот

Под изговор на судот дека не е пронајден сведок кој требало да сведочи денешното рочиште за „Меѓународен Сојуз“ се одложи за 09.12.2021 година, а Бојан Јовановски не беше спроведен од затвор. Познавачите коментираат дека согласно закон, судот е должен да го обезбеди присуството на обвинетиот, дотолку повеќе затоа што тој се наоѓа во затворска установа.

На претходното рочиште, Јовановски тврдеше дека има докази во мобилниот телефон дека премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев. Дополнително Боки 13 рече дека поседувал и докази во неговиот телефон на каков начин бил избран Џолев, па врз основа на тоа побара и негово изземање. Јовановски досега побара иззамање и на Рускоска и на судијката Софче Гаврилова која го води предметот но сите му беа одбиени.

Предметот за невладината на Јовановски е во фаза на изведување вербални докази. Освен него во случајот обвинети се Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, Христина Блажевска, Фросина Ременски како и таткото на Боки, Миле Јовановски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста