ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАРОТ НА ВЕСПРЕМ И БАРСЕЛОНА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

ЕХФ го одложи дербито на петтото коло во Лигата на Европските ракометни шампиони меѓу Веспрем и Барселона затоа што тројца ракометари на Шпанците се заразени од корона, а целиот тим е испратен во карантин. Инаку ова требаше да биде дуле на непоразените во Б групата зошто и составот на Дејна Манасков и тој од Блауграна имаат по 4 победи од 4 настапи. Наш Вардар има два помалку од истите причини, а во новиот натпревар в четврток го дочекува Порто на Митревски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста