Одбор на бранители: Ниту една улица во Македонија не смее да носи име и презиме на припадник на УЧК

Ниту една улица во Македонија,никогаш, не смее да носи име и презиме на припадник на УЧК -остри реакции од Одборот на бранители,по најавата на скопските локални власти  за смена на имињата на дел од улиците во главниот град. Скандалозните предлози на имињата на личности од Призренската лига,може скапо да чини-предупредуваат бранителите.

Ставање имиња кои со сигурност би ги подгреале меѓуетничките односи,ја сум сигурен дека тоа не е во ред, без разлика каков е нивниот договор коалициски.Знаеме дека они со оружје, насилно пробаа да го сменат поредокот во државата.” – вели Марин Најдов, одбор на бранители на Р. Македонија.

Најдов предупредува дека кој и каков договор да стои позади ова, недозволиво е да помине.Со чувствата на народот вели, никогаш не се игра.

Тргување со државата е недозволиво, без разлика на нивните политички договарања.Мора да водат сметка за интересите на граѓаните на РМ и нивните чувства.Со повреда на чувствата на граѓаните, они се самоуништуваат.” – вели Марин Најдов, одбор на бранители на Р. Македонија.

Призрени Имер,Шкупи Јашар Беј,Шуку Халим- дел од предлозите за нови улици, се личности од Призренската лига,од каде потекнува идејата и залагањата за Голема Албанија,односно,обединување на сите Албанци во една голема држава на Балканот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста